20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Гутереш го осуди руското бомбардирање на училиштето во кое загинаа 60 луѓе

Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации, издаде изјава во која вели дека се ужасува од бомбардирањето на училишното засолниште во Билохоривка, во кое загинаа 60 луѓе, според Володимир Зеленски.

„Генералниот секретар се ужасува од нападот што беше извршен на 7 мај на училиште во Билохоривка во Украина, каде што се чини дека многу луѓе побараа засолниште од тековните борби“, изјави портпаролот на Гутереш, Стефан Дизарик.

Гутереш истакна дека цивилите и цивилната инфраструктура секогаш треба да бидат поштедени за време на војна.

Да потсетиме, Русите бомбардираа училиште во селото Билохоривка, кое служеше како засолниште.

Регионалниот гувернер Сергеј Гајдаи изјави дека 60 лица, кои се скриле таму, се водат како исчезнати, а Зеленски рече дека во тоа засолниште загинале 60 лица, пренесуваат мадиумите.