Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Заев уште во 2020 година испрати писмо до патријархот Вартоломеј барајќи да се признае МПЦ

Екс-премиерот Зоран Заев уште на 22 септември 2020. испрати писмо до неговата светост, патријархот Вартоломеј, поглаварот на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул на која беше побарана негова асистенција и заложба Македонската православна црква – Охридска архиепископија, да биде признаена како автокефална црква и да биде примена во заедницата на помесните православни цркви.

„Го почитуваме сето она што е одредено од меѓународните договори и состојби. Но, бараме да бидеме слободни и црковно во рамките на границите на нашата земја и нашите архиереи да сослужуваат со архиереите од сите православни цркви во светот“, се вели во писмото на премиерот Заев до неговата светост, патријархот на Цариградската патријаршија Вартоломеј.

Во писмото се истакнува дека православниот народ во нашата земја заслужува црковна независност која ја сонува веќе цел еден век и дека очекува да ја види Македонската православна црква – Охридска архиепископија признаена како автокефална, со благословот и со писмена одлука од првиот меѓу Христовите архиереи на земјата, цариградскиот патријарх Вартоломеј, напиша тогаш Заев во писмото до патријархот.

Вселенската Патријаршија ја призна МПЦ-ОА за канонска, веќе не е во раскол со православниот свет, беше соопштено денес.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК