23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Британскиот министер за одбрана: Путин е слика на фашизмот пред 77 години

Рускиот претседател Владимир Путин и неговите генерали се слика на фашизмот и тиранијата пред 77 години, а нивната инвазија на Украина го посрамоти военото минато на Русија, изјави британскиот министер за одбрана, Бен Валас.

Во говорот што се совпадна со парадата на Денот на победата над фашизмот на Русија по повод крајот на Втората светска војна, Валас рече дека руските генерали се учесници, како и нивниот претседател и дека треба да се соочат со воен суд за војната во Украина.

„Со инвазијата на Украина, Путин и неговиот близок круг на генерали сега ги рефлектираат фашизмот и тиранијата пред 77 години повторувајќи ги грешките на тоталитарниот режим од минатиот век“, рече тој.

„Путин и генералите не може да имаат Ден на победата, само срам и сигурен пораз во Украина“, додаде тој.

Валас зборуваше додека Путин се обраќаше пред руската армија на Црвениот плоштад на годишнината од победата над нацистичка Германија евоцирајќи спомени за советскиот хероизам.

Спонзорирано: