8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Русите плаќаат голема цена за инвазијата на Украина: Уништен најнапредниот тенк Т-90М

Руската инвазија на Украина, неиспровоцирана, носи големи загуби за најелитните руски воени единици. Во новиот извештај на британското Министерство за одбрана се наведува дека во борбите е уништен најмалку еден Т-90М, најнапредниот руски тенк.

Според Британците, Т-90М е претставен во 2016 година и вклучува подобрен оклоп, надграден топ и подобрени сателитски навигациски системи.

Приближно 100 тенкови Т-90М моментално се во служба во најдобро опремените руски единици, вклучително и оние кои се борат во Украина, соопшти британското разузнавање, додавајќи дека подобрениот оклоп на системот дизајниран да се спротивстави на противтенковското оружје останува ранлив доколку не е поддржан од други елементи. .

– Конфликтот во Украина зема голем данок за некои од најспособните руски единици. На Русија ќе и треба многу време и пари за да ги обнови своите вооружени сили по овој конфликт. Посебен предизвик ќе биде како да се замени модернизирана и напредна опрема поради санкциите кои го ограничуваат пристапот на Русија до клучните микроелектронски компоненти, се вели во извештајот.

Спонзорирано: