14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Ќе продолжиме во пријателска насока, но нема да дозволиме граѓаните да бидат понижени

„Доколку продолжи и се повторува ветото на Бугарија ние нема да можеме да го држиме истото ниво на односи, на наша жалост. Ние сакаме да продолжиме во пријателска насока, за да се тргне ветото, но нема да дозволиме нашите граѓани да се чувствуваат на било кој начин понижено“ изјави вицепремиерот Бојан Маричиќ во „Утрински брифинг“.

Тој додаде дека земјава нема да бега од европската агенда, но тоа не значи дека Владата е подготвена на било какво решение, што би го нарушило достоинството.

„Ние имаме стратешка определба за членство во ЕУ, утврдена на почетокот на деведесеттите. На таа патека, помалку или повеќе опстојувала секоја влада. Имало влади што се откажувале, па потоа губеле поради тоа“ рече Маричиќ.

Тој додаде дека важно е атмосферата и наративот на разговорите со Бугарија да останат пријателски и да не се дозволи да надвладее национализмот и радикализмот.

Спонзорирано: