20.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Павиќевиќ: Дел од матурантите нема да може да положат државна матура, пробиен е рокот за проектна задача поради штрајкот

„Во многу од училиштата проектните задачи се завршени уште во март, но има училишта, во сите осум плански региони, каде по цели класови немаат положено проектна задача, која е дел од државната матура“ истакна Лука Павиќевиќ, претседател на Сојузот на средношколци во емисијата „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека со пробивањето на рокот за полагање на проектна задача, кој истече на 21 април, дел од матурантите, не по своја вина, ќе останат без државна матура.

„Ние како Сојуз на средношколци веќе побаравме од МОН да бидеме вклучени во процесите за одлучување на тоа како ќе се надохнадуваат изгубените денови. Од клучно значење за нас е како ќе успееме како држава да ги изменаџираме и роковите за матура, но и праксата која дел од средношколците ја посетуваат во летото“ рече Павиќевиќ.

Тој додаде дека предложиле до МОН наставниот материјал од второто пологодие во четврта година да не влезат во материјалите што ќе се полагаат на државната матура, бидејќи со продолжувањето на зимскиот распуст и губењето на часови поради штрајкот, средношколците имаат пропуштено многу материјал.