16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Се појави мистериозна болест на црниот дроб: Почина едно дете, објави СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека е пријавен најмалку еден смртен случај во врска со мистериозната епидемија на заболување на црниот дроб што ги погодува децата во Европа и во САД.

СЗО доцна во саботата соопшти дека досега добила извештаи за најмалку 169 случаи на „акутен хепатитис од непознато потекло“ од десетина земји.

Пријавени се случаи кај деца на возраст од еден месец до 16 години, а на 17 пациенти им била потребна трансплантација на црн дроб. СЗО не соопшти во која земја настапила смртта.

Првите случаи се забележани во Британија, каде се разболеле 114 деца.

„Сè уште не е јасно дали има зголемување на случаите на хепатитис или зголемување на свеста за случаите на хепатитис кои се случуваат со очекуваната стапка, но остануваат неоткриени“, се вели во соопштението на СЗО.

Експертите велат дека случаите би можеле да се поврзат со вирус кој вообичаено се поврзува со обичната настинка, но дополнително истражување е во тек.

„Иако аденовирусот е можна хипотеза, истрагата за причината е во тек“, соопшти СЗО, истакнувајќи дека вирусот е откриен во најмалку 74 случаи. Најмалку 20 деца биле позитивни на коронавирус.

СЗО соопшти дека погодените земји го засилуваат надзорот на случаите на хепатитис кај децата.

Спонзорирано: