20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) Гранатирана зграда во Одеса – шестмина загинати, меѓу кои и едно бебе

Русија извршила ракетен напад врз јужниот пристанишен град Одеса, изјави шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Меѓу загинатите има и тримесечно бебе, објави на Телеграм, Андриј Јермак. Повредени се 18 лица, додаде тој.

Украинските власти, исто така, соопштија дека ракетите погодиле воен објект и две станбени згради во градот.

На фотографиите се гледа дека ракетата паднала среде катна станбена зграда во која останала огромна дупка.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Твитер ја осуди Русија за наводниот напад.

„ Единствената цел на руските ракетни напади врз Одеса е теророт. Русија мора да биде прогласена за државен покровител на тероризмот и соодветно да се третира. Без бизнис, без контакт, без културни проекти. Ни треба ѕид меѓу цивилизацијата и варварите кои ракетираат врз мирните градови”.

Москва сè уште не одговорила.

Руските сили веќе ја гранатираа Одеса, но многу помалку од другите градови, како Мариупол, од кои повеќето денеска се во урнатини по силните руски бомбардирања.