20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Стефанова откри дека повеќе осомничени сакале спогодба во „Империја“

Обвинителката Лиле Стефанова по денешното изречување на пресудата за случајот „Плацеви на Водно“, во изјавата за медиумите откри дека повеќе од осомничените во случајот „Империја“ барале да се спогодат, но таа не ги откри нивните имиња.

Случајот „Империја“ го отвори поранешното СЈО, а сега го води Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Освен Орце Камчев и Сашо Мијалков, меѓу осомничените се споменуваа и Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески и уште девет други лица… Стефанова сега соопшти дека истрагата била проширена и за нови лица.

Стефанова рече дека истражната постапка завршила и се надева дека до крајот на мај ќе следат и обвинителски одлуки.

-Во моментот нема спогодби за овој предмет, но има повеќе иницијативи за спогодување, изјави Стефанова.

Таа додаде дека очекува во „Империја“ конфискација и на други имоти и дека предметот ќе се сведе на тоа „дали обвинетите се подготвени да ја платат односно вратат имотната корист со која се стекнале при извршувањето на кривичните дела“.

Претходно Кривичниот суд ги одби жалбите поднесени за одлуката за одземање на имотот на Сашо Мијалков во случајот „Империја“.