14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Димовски од ССМ: Неделков не ја говори вистината и не им кажа на работниците што се случува за време на штрајк

„Сојузот на синдикати му даде безрезервна поддршка на СОНК, се до вчера. Вчера не ми се допадна излагањето на претседателот Јаким Неделков, бидејќи можеше барем да ја говори вистината до крај и да им каже на просветните работници што ќе се случи доколку штрајкуваат“ изјави претседателот на ССМ, Дарко Димовски во „Утрински брифинг“.

Тој додаде дека штрајкот не е авантура и дека од тоа на крајот трпат работниците, бидејќи се знаат правилата на игра во штрајк.

„Кај се мали платите во образованието, па сега и Владата ќе им плати само придонеси. Мора малку да се свестиме и да знаеме кој ни го води штрајкот“ рече Димовски.

Тој го спореди Неделков со квизот „Се или нешто“, каде што Неделков во улога на учесник ќе кажува дали понудата на Владата важи или не и повика на поголема сериозност.

Спонзорирано: