12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Рускиот амбасадор во САД: Вооружувањето на Киев може да доведе до конфликт меѓу САД и Русија

Месец и пол по почетокот на руската инвазија врз Украина, рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, за „Њузвик“ објаснуваше зошто Русија започнала, како што ја нарекуваат, „специјална воена операција“, пренесуваат медиумите.

Според нив, Антонов детално ги опишал барањата кои, доколку се исполнат, би можеле да го прекинат конфликтот. Антонов кажал дека украинскиот режим не е подготвен да го запре геноцидот.

„Специјалната операција во Украина е резултат на неподготвеноста на режимот во Киев да го запре геноцидот врз Русите со исполнување на обврските кон меѓународните партнери. Очигледна е и желбата на земјите-членки на НАТО да ја искористат територијата на соседната земја за да воспостават упориште во борбата против Русија“ изјавил Антонов.

Тој во интервјуто оценил дека западните земји се директно вклучени во настаните во Украина бидејќи продолжуваат да го снабдуваат Киев со оружје и со тоа го поттикнуваат на натамошни конфликти.

Рускиот амбасадор посочил дека ваквите акции се опасни и провокативни бидејќи, како што навел, се насочени против Русија. Тој посочил дека тоа може да доведе до директен воен конфликт меѓу САД и Русија.

Антонов го повторил ставот на Москва дека „сите конвои на територијата на Украина со оружје и воена опрема што пристигнаа од Запад се легитимна воена цел на руските вооружени сили“.

Спонзорирано: