17.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Волонтер од Србија загина борејќи се на руска страна во Украина

Српскиот државјанин Стефан Димитриевиќ загинал на фронтот во Украина, а тој не е единствениот од Србија што е на боиштето во таа земја.

Информацијата на 7 април ја потврди брат му на социјалните мрежи, кој се поздрави и се прости од него.

„Се надевам дека ќе му посакам добредојде на неговиот ковчег и ќе го погребам на руските гробишта во Белград бидејќи мислам дека би сакал да биде блиску до дома и на гробиштата на земјата за која го даде животот“, пишува во соопштението.

Според каналите на „Телеграм“, каде што првпат се прошири веста, Димитриевиќ бил убиен на фронтот кај Луганск во источна Украина на почетокот на април.

Од МНР велат дека немаат никакви информации за Димитриевиќ – ниту дека заминал во Украина ниту дека починал.

Стефан Димитриевиќ, попознат како Стефан Балд, беше на фронтот во Донбас во 2014 година кога учествуваше во конфликтите во Украина како борец на проруската страна како дел од екстремно десничарско движење наречено „Меѓународна бригада“.

Иако е познато дека Димитриевиќ бил под истрага на Генералното обвинителство во Украина, исходот не е познат.

Инаку, случајот со Стефан Димитриевиќ не е прва вест за смртта на српски војник. Неколку дена претходно, на 30 март, во групите на „Телеграм“ беа објавени и информации за смртта на Александар Бјелиќ, наводен поручник во руската армија.

Како што се наведува, татко му бил Србин, а мајка му Русинка.