17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Песков најави дека војната во Украина може да заврши во блиска иднина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека војната, како што ја нарекуваат Русите, специјална воена операција, во Украина може да заврши во блиска иднина, пренесе руската агенција „Тас“.

Коментирајќи го вчерашното интервју за британскиот „Скај њуз“, Песков изјави дека Русија се надева оти операцијата ќе ги постигне своите цели или ќе заврши благодарение на преговорите во следните неколку дена.

Запрашан од новинарите дали тоа се денови во блиска иднина, Песков потврди и повтори дека „зборуваме за блиска иднина“.