13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русија: Не ја нападнавме станицата, Украинците ракетираа сопствени цивили

Руското Министерство за одбрана сугерираше дека Украина ги нападнала сопствените цивили и ја негира одговорноста за ракетниот напад на железничка станица во кој загинаа повеќе од 35 луѓе, објави државната новинска агенција РИА Новости.

Тие тврдат дека типот на проектил употребен во нападот го користи исклучиво украинската армија.

„Руската војска немала никакви цели во Краматорск“, соопшти Министерството.

Претходно, Јарослав Трофимов, дописник на „Волстрит журнал“, објави фотографија на која вели дека се прикажани остатоци од ракета која паднала на станица во Краматорск.

Тој вели дека на ракетата пишувало „За децата“.

Спонзорирано: