13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Портпаролот на Зеленски: Ќе ги истражиме сите воени злосторства извршени во Украина

Портпаролот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Серхи Никифоров, даде интервју за „Скај њуз“ веднаш по интервјуто на портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков.

Песков за време на интервјуто експлицитно тврдеше дека снимката од масакарот на цивилите во Буча е фалсификувана.

Никифоров рече дека со години се потврдува оти тврдењата на руските власти се, всушност, лаги.

„Можете ли сега да му верувате на Песков? Се сомневам во тоа“, рече портпаролот на Зеленски и додаде дека украинските власти ќе ги истражат сите воени злосторства извршени на територијата на Украина.

Никифоров додаде дека Украина веќе има успешно искуство во истрагата на воените злосторства по почетната фаза од војната 2014 – 2015 година.

„Сето тоа го истраживме. Виновниците ги изведовме пред лицето на правдата и ги осудивме“, додаде тој.

Потоа се осврна на ужасите што сѐ уште се случуваат во опколениот Мариупол.

„Страшно е да се размислува за тоа што се случува таму“, рече тој.

Спонзорирано: