18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

„Модерна“ повлекува 764.900 дози вакцини

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ денеска соопшти дека повлекува од пазарот 764.900 дози од вакцината против Ковид-19 бидејќи едно од шишињата што е производ на компанијата, според договорот „Рови“, е загадено со туѓо тело.

Дозите беа дистрибуирани во јануари во Норвешка, Полска, Португалија, Шпанија и во Шведска.

Во соопштението се наведува дека контаминацијата е откриена во едно шише и дека целата испорака е повлечена превентивно.

„Модерна“ изрази уверување дека контаминацијата не претставува ризик за другите шишиња во целата испорака.