13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Фон дер Лајен го предупреди Орбан: Ова е кршење на санкциите на Европската унија

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави за Си-Ен-Ен дека одлуката на Унгарија да ја плати руската енергија во рубли ќе се смета за кршење на европските санкции.

– Направивме анализа на указот на Путин и правната ситуација е многу јасна. Она што го сугерира Путин, претворањето на еврото во рубљи за плаќање гас би значело кршење на санкциите. Ако го направите тоа, мислам на плаќање во рубљи, ги прекршувате или заобиколувате санкциите што и ги воведовме на Русија – изјави Фон дер Лајен во интервју за Си-Ен-Ен.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно изјави дека не е проблем Унгарија да го плаќа рускиот гас во рубљи, откако Владимир Путин потпиша декрет со кој бара од „непријателските“ земји да плаќаат гас во руски рубљи.

– Европската унија е во преговори со Будимпешта. Засега Унгарија се придржува до санкциите и додека не видиме поинаков начин на дејствување, се е во ред. Никогаш досега не сме ја виделе Европската унија толку обединета.

Мислам дека секоја земја-членка се прашува дали сака прва да го наруши таквото единство. Мислам дека не сака – изјави фон дер Лајен.

Спонзорирано: