16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Украина тврди: Околу 18.900 руски војници загинале во војната

Украинскиот Генералштаб соопшти дека во војната во Украина загинале околу 18.900 руски војници, пренесува Анадолија.

Генералштабот објави податоци за загубите на руската армија од 24 февруари до 7 април. Се наведува дека загинале 18.900 руски војници, како и дека се уништени 150 авиони, 135 хеликоптери и 698 тенкови.

Соопштено е и дека се уништени 1.891 оклопно возило, 108 ракетни системи, седум бродови, 111 беспилотни летала и 55 системи за противвоздушна одбрана кои им припаѓале на Русите.

Војната меѓу Русија и Украина, која започна со рускиот напад на 24 февруари, предизвика меѓународна осуда, доведе до финансиски санкции против Москва и го поттикна егзодусот на светските компании од Русија.

Податоците на Обединетите нации покажуваат дека за време на руско-украинската војна во Украина загинале најмалку 1.563 цивили, а 2.213 биле ранети. Повеќе од 4,27 милиони цивили побегнале во соседните земји.

Спонзорирано: