13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото kremlin.ru
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Претседателот на Чешка: Русите се луди, на Путин да му се суди

Чешкиот претседател Милош Земан, кој до нападот на Украина тврдеше дека „Русите не се луди да го прават тоа сега“, истакна дека „очигледно се луди“.

Тој рече дека агресијата врз Украина е и директен напад на руските власти врз самата Русија.

„Затоа зборував за лудило. Ова не е најлоша одбрана на руските национални интереси. Најлошото е што Русија со оваа операција ја уништува не само Украина туку и самата себе“, рече Земан во интервјуто објавено денеска од чешкиот дневен весник „Млада Фронта“.

Милош Земан призна дека се излажал во врска со рускиот претседател Владимир Путин затоа што на почетокот изгледал како полудемократ, но се случило да ја изгуби самоконтролата со текот на годините на власт и да биде изведен пред лицето на правдата за убиство на цивили во Украина.

„Секој шеф на држава ги брани националните интереси на таа земја, но, за жал, во овој случај агресијата не е само директен напад на Украина туку и на Русија. Да, тоа е ирационално. Пред неколку дена објавив барање одговорните за убиствата на цивилите во Украина да бидат изведени пред меѓународниот суд. И мислам дека тоа ќе се случи порано или подоцна“, рече Земан, додавајќи дека и рускиот претседател треба да биде изведен пред лицето на правдата.

Земан призна дека долго време е поборник за коректни односи со Руската Федерација.

„Меѓу другото, бидејќи тие се важен снабдувач на енергија. Од друга страна, постојат вредности, како што се човечките животи, кои сè уште се над бизнисот. Па токму затоа го сменив мојот став. Таа промена почна неколку часа по руската агресија“, рече Земан.

Чешкиот претседател ги поддржа пратките на стари советски тенкови и борбени возила од чешките магацини во Украина, како и дополнително оружје, бидејќи верува дека тоа може значително да им помогне на Украинците во одбраната.

Спонзорирано: