Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Три лица повредени во сообраќајна несреќа меѓу товарно и патничко возило на патот Кичево – Гостивар

Вчера, во 14.50 часот, на магистралниот пат Кичево – Гостивар кај с. Колари, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат дукато“, управувано од З. А. (62) од тетовското село Камењане, и патничко возило „фолксваген тигуан“, управуван од М. Г. (55) од тетовското село Селце, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата тешки телесни повреди добиле возачот на „фиатот“, З. А., и И. Г. (45) од с. Стрелци, сопатник во возилото „фолксваген“, а возачот М. Г. добил телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево.

Увид на местото извршија јавен обвинител и полициски екипи.

Можеби ќе ве интересира

На денот кога Кошта го потврди СДСМ – Мицкоски го апси Богоев, вели СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Реципроцитет и исполнување на обврските на Бугарија а не нови отстапки, услови и национални понижувања како што нуди СДС и Филипче

ДЕСК

Пред невреме проверете го ова: Кров, олуци, автомобили, дворови и електрични уреди

ДЕСК