14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Телефонски разговор меѓу Вучиќ и Путин

Српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот претседател Владимир Путин оствариле телефонски разговор, јавуваат српските медиуми.

Разговорот бил направен денеска, во текот на претпладнето. Не е познато колку долго траел.

Според „Курир“, Путин му ја честитал изборната победа на Вучиќ. Тој му посакал среќа, а Вучиќ се заблагодари за честитките.

„Курир“ додава дека Вучиќ му рекол на Путин дека ќе продолжи да ја води Србија со политика за европски пат, а притоа да ги зачува искрените и традиционални пријателски односи со Русија.

Понатаму, се наведува дека двајцата претседатели ја анализирале економската состојба и билатералните односи. Темите биле енергија и трговија. Вучиќ го информирал Путин за тешкотиите со кои се соочува Србија при увозот на сурова нафта и изразил уверување дека раководството на „Гаспромњефт“ и Република Србија, како и партнерите од Европската унија, ќе најдат излез од таквата ситуација.

Соговорниците констатирале дека договорот за гас истекува на 31 мај и дека итно треба да се почнат разговори за продолжување на соработката.

Според „Курир“, Путин го информирал Вучиќ за ситуацијата во Украина и за причините за рускиот напад. Порталот наведува и дека Вучиќ изразил надеж дека конфликтот наскоро ќе заврши.

Спонзорирано: