20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Франција почна истрага за воени злосторства во Украина против француски државјани

Француските антитерористички обвинители денеска почнаа три истраги за можни воени злосторства поврзани со дела против француски државјани извршени во Украина од руската инвазија.

Во соопштението се наведува дека тие истражуваат можни злосторства извршени во украинските градови Мариупол, Гостомел и Чернихив меѓу 24 февруари и 16 март, пишува Блумберг.

Во март, француските обвинители отворија уште една истрага за воени злосторства, откако француско-ирски новинар беше убиен во Украина.