12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

ИОМ објави ужасни последици од војната: Раселени повеќе од 7,1 милион Украинци

Во извештајот на Меѓународната организација на ОН за миграција (ИОМ) се наведува дека повеќе од 7,1 милион луѓе од Украина се раселени поради војната.

Оваа бројка е за десет проценти поголема од онаа од првиот круг на истражување спроведено на 16 март, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на податоци на ИОМ.

Тој број е дел од повеќе од 10 милиони луѓе кои сега ги напуштиле своите домови во Украина поради руската инвазија, според Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации.

Повеќе од половина од раселените семејства имаат деца, 57 отсто се со постари членови на семејството и 30 отсто имаат луѓе со хронични болести, покажа извештајот на ИОМ.

Приходите на раселените домаќинства нагло се намалија од почетокот на војната, се вели во извештајот, а повеќе од една третина од раселените домаќинства изјавија дека немале никаков приход во изминатиот месец.

Спонзорирано: