12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Советникот на Зеленски за преговорите: Руската страна првпат не даде ултиматуми, туку нѐ ислуша

Преговорите меѓу Русија и Украина „дефинитивно отидоа чекор подалеку“, рече Игор Жовква, заменик началник на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски.

Тој рече дека за време на преговорите во Истанбул, кои се одржаа вчера, руската страна првпат не поставила ултиматуми и црвени линии, туку ја ислушала украинската страна.

Меѓутоа, на прашањето за источните региони, Жовква изјави за Би-Би-Си Радио 4 дека Украина нема да тргува со „ниту една педа територија“.

Тој посочи дека Русија не ги повлече војниците од Киев или Чернихов, иако вчера соопшти дека ќе ги намали операциите во овие региони.

Да потсетиме, вчера се одржа нова рунда мировни преговори меѓу Киев и Москва, на која, се чини, е постигнат напредок во прекинот на конфликтот.

Русија соопшти дека ќе преземе два чекора кон деескалација на конфликтот во Украина – повлекување на некои војници и можност за одржување средба меѓу Путин и Зеленски истовремено со ратификувањето на договорот.

Спонзорирано: