20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Емануел Макрон / фото Twitter
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Макрон денеска разговара со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин, се наведува во соопштението од Елисејската палата, пренесува „Ројтерс“. Портпаролката на француското Министерство за надворешни работи, Ен-Клер Лежандре, претходно изјави дека Макрон планира денеска повторно да разговара со Путин на телефон, додава ТАСС.

Лежандре изјави дека Макрон очекува да разговара со Путин за деталите од планираната хуманитарна операција, чија цел е да се евакуираат цивилите од Мариупол со помош на Грција и Турција.

Таа потсети дека претходно Макрон имал долг разговор со Путин.

Лежандре додаде дека Франција има намера да ја одржи комуникацијата со Русија.

Запрашана да ја коментира најавата на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за плановите на Москва да воведе визен режим како одмазда за земјите означени како непријателски, Лежандре рекла дека сите земји членки на ЕУ се на списокот со непријателски земји.

„Во овој момент не знаеме каков пристап, всушност, ќе преземе Русија. Тоа би можело да се покаже како една од одмаздничките мерки што Русија ги објави претходно“, рече Лежандре.

Макрон на 7 февруари ја посети Москва, каде што разговараше со Путин, а следниот ден го посети и Киев.

Путин и Макрон од средбата во Москва редовно разговараат на телефон.

Последен пат двајцата лидери разговараа на телефон на 22 март.