26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведен дилер во Тетово

Полициски службеници на СВР Тетово денеска околу 11 часот и 30 минути , на улица „Мурат Бафтијари” во Тетово го лишиле од слобода 48-годишниот тетовец Г.А.

При претрес извршен во неговиот дом и помошни простории со судска наредба, биле пронајдени 13 кеси со марихуана, со вкупна тежина од околу еден килограм, и три кесички со остатоци од бела прашкаста материја.

Г.А. е задржан во Полициската станица Тетово и ќе му биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.