11.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Макрон: Франција нема да плаќа гас во рубљи, ќе разговарам со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе разговара со неговиот руски колега Владимир Путин за условите за формирање хуманитарен коридор и евакуација на цивилите од Мариупол.

– Денеска имавме многу конкретни разговори со градоначалникот на Мариупол и со релевантните украински власти – изјави Макрон пред новинарите во Брисел по самитот на ЕУ, додавајќи дека ќе преговара со руската страна.

Турција и Грција ќе учествуваат во евакуацијата на цивилите од разурнатиот Мариупол. Југоисточното пристаниште Мариупол, град со 400.000 жители пред војната, е еден од градовите најтешко погодени од руското бомбардирање.

Макрон посочи дека ќе разговара со Путин и ќе му каже дека Франција нема намера да плаќа за природен гас во руски рубљи.