Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Мицкоски копнее по Груевски, обвини СДСМ

Соопштение за јавност на СДСМ – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски

Со вечерашното изразено жалење што Никола Груевски не е присутен во државата, Христијан Мицкоски призна дека копнее по неговиот ментор и шеф, осуден криминалец во бегство.

И вечерва Мицкоки не се огради за криминалите на ВМРО-ДПМНЕ и неговиот претходник, за кои има дузина судски пресуди со затворски казни и серија признанија од високи функционери на партијата.

Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е старата нереформирана партија, симбол на криминал и корупција. Самиот Мицкоски е опркужен со кадри на режимот кои се дел од судски процеси за милионски криминал, корупција и злоупотреба на парите на граѓаните.

Талир, Титаник, Моќник, Плацеви на Водно и безброј други предмети пред македонските судови.

Тоа е ВМРО ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Филипче заедно со Пендаровски на денешната промоција на документарниот филм “Заробена вистина”

ДЕСК

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК