14.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во големото торнадо во Њу Орлеанс загинало најмалку едно лице

Најмалку едно лице загина кога големо торнадо го погоди Њу Орлеанс, најголемиот град во сојузната држава Луизијана, јавуваат американските медиуми.

За време на торнадото уништени се неколку куќи, а уништени се и неколку далноводи.

– Имаме пет-шест целосно урнати куќи. Имаше луѓе во куќите, засега сите се добри – изјави локалниот функционер на округот Сент Бернард, Гај Мекинис.

Нема официјални податоци за бројот на повредени.

Голем дел од Луизијана сè уште се опоравува од ураганот Ајда, кој ја погоди американската сојузна држава минатиот август како ураган од четврта категорија, уништувајќи ги руралните заедници јужно од Њу Орлеанс и убивајќи повеќе од 100 луѓе на југот и на Карибите.

Можеби ќе ве интересира

Едно лице загина во торнадо во Холандија

M T

Торнадо во Тексас – Повредени над 20 лица

M T

Трагедија во Ајова – момче во торнадо ги загуби таткото, братот, сестрата и бабата – мајката се бори за живот

M T

Чесите исплашени по големото невреме: Никој овде не очекуваше торнадо

M T