9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАБИЗНИС

Швајцарскиот производител на лекови суспендира дел од своите активности во Русија

Швајцарскиот производител на лекови Новартис денеска објави дека ги суспендира капиталните инвестиции, медиумското рекламирање и другите промотивни активности во Русија, но има намера да продолжи да гарантира достапност на лекови за пациентите.

– Новартис ја осудува војната во Украина. Овој неиспровоциран чин на насилство ги загрозува животите на невините луѓе и е во спротивност со нашата мисија да го подобриме здравјето на луѓето ширум светот, се вели во соопштението на швајцарската фармацевтска индустрија.

Суспендирани се и нови клинички испитувања и упис на нови учесници во испитувања што веќе ги започнале. Тие продолжуваат да ја снабдуваат Русија со лекови, додавајќи дека се уште планираат да обезбедат пристап до лекови за пациентите во сите земји во кои работат, пренесува Ројтерс.

Спонзорирано: