9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Гутереш: Време е да се стави крај на оваа апсурдна војна

Војната во Украина се заканува да предизвика глобална гладна криза, предупреди денеска генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш и оцени дека е време да се стави крај на оваа апсурдна војна.

Гутереш рече дека продолжувањето на војната во Украина е морално неприфатливо, политички неодбранливо и воено бесмислено.

Тој смета дека војната во Украина не може да се добие.

Гутереш тврди дека дури и да падне Мариупол, Украина не може да се освои по принципот „град по град, улица по улица, куќа до куќа“.

Тој оцени дека украинскиот народ минува низ „жив пекол“.

Спонзорирано: