12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Во близина на Киев погоден автомобил со новинари, загина снимател на „Фокс њуз“

Извршнaта директорка на „Фокс њуз“, Сузан Скот, потврди дека нивниот снимател Пјер Закржевски бил убиен додека ја пренесувал ситуацијата од Украина.

„Со голема тага ви ја пренесуваме веста за нашиот сакан снимател Пјер Закржевски.

Закржевски бил со дописникот Бенџамин Хол кога нивното возило било погодено“, напиша Скот, додавајќи дека Хол останува во болница во Украина.

„Пјер беше фотограф од воени зони кој ја покриваше речиси секоја меѓународна приказна на ‘Фокс њуз’ од Ирак преку Авганистан до Сирија, за време на неговата долгогодишна работа.

Неговата страст и талент како новинар беа неспоредливи. Пјер работеше во Украина од февруари“, напиша Скот.

Спонзорирано: