17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русија воведе санкции за Бајден

Русија воведе санкции против американскиот претседател Џо Бајден, државниот секретар Eнтони Блинкен и други американски претставници, се вели во денешното соопштение на руското Министерство за надворешни работи.

„Како одговор на серијата санкции без преседан… од 15 март оваа година руската ‘стоп листа’ врз основа на реципроцитет ги вклучува претседателот Џ. Бајден, државниот секретар E. Блинкен, секретарот за одбрана Л. Остин и претседателот на Здружениот штаб М. Мили, но и голем број шефови на оддели и познати американски личности“, се вели во соопштението.

Според објавените информации, на руската листа за санкции се вкупно 13 американски претставници.

Претходно, во соопштение објавено на веб-страницата на американското Министерство за финансии денеска беше објавено дека во новиот пакет на санкции ќе бидат вклучуени руски судија, но и белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Денеска Канцеларијата за контрола на странски имот на Министерството за финансии на САД стави четири поединци и еден ентитет на списокот со санкции во согласност со Законот за владеење на правото од 2012 година“, се вели во соопштението на американското Министерство за финансии.

Спонзорирано: