13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин: Нова варварска акција на украинските војници

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со израелскиот премиер Нафтали Бенет, соопшти Кремљ.

Оттаму појаснуваат дека Бенет го информирал Путин за неговите неодамнешни разговори со лидерите на неколку земји во врска со ситуацијата во Украина. Путин и Бенет се согласиле да го продолжат дијалогот.

„Спутник“ пренесува дека Кремљ соопшти дека за време на разговорите со Бенет, „ Путин го привлече вниманието на новата варварска акција на украинските војници – денешниот ракетен напад врз централните области на Доњецк со употреба на касетна муниција, што доведе до голем број цивилни жртви“.

„Ројтерс“ јавува, повикувајќи се на израелски претставници, дека Бенет ја напуштил седницата на Владата поради телефонскиот разговор со Путин и дека разговорот траел околу 90 минути.

Спонзорирано: