14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Напад на телевизиска кула во Украина – најмалку девет загинати

Девет лица загинаа, а девет се повредени денеска во руски напад на телевизиска кула во близина на градот Ривне во западна Украина, соопштија локалните власти.

„ Во 16:00 часот по Гринич можеме да потврдиме дека има девет мртви и девет повредени“, изјави за новинарите Валериј Кобал, претставник на локалната власт.

Кобал објасни дека два проектили погодиле телевизиска кула во селото Антопилу, 15 километри источно од Ривне, како и административната зграда до неа.

„ Засега спасувачките операции сè уште се во тек и ќе продолжат сè додека не се исчистат целосно сите остатоци во зградите“, додаде Кобал.

Телевизиските програми од вечерта повторно делумно може да се следат преку кабелската мрежа.

Спонзорирано: