17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Нови детали од болницата во Мариупол: „Стотици пациенти се држат како заложници“

Заменик-градоначалникот на Мариупол, Сергеј Орлов, соопшти дека руските војници држат болнички персонал и пациенти како заложници во градската болница.

„Добивме информации дека руската армија ја презела нашата најголема болница и дека нашите пациенти и лекари се користат како заложници“, нагласи тој, додавајќи дека информацијата ја потврдил и гувернерот на регионот Донецк.

„Според нашите информации таму има 400 луѓе“, нагласи Орлов.

Орлов за Си-ен-ен изјави дека на улиците се водат бројни битки и дека ситуацијата вчера била застрашувачка.

„Го уништуваат градот. На пример, вчера изброивме 22 авиона кои го бомбардираа нашиот град, а беа фрлени најмалку сто бомби. Штетата е страшна“, изјави тој.

Потврди и дека немаат контакт со заложниците во болницата. Според градските власти, околу 2.000 автомобили го напуштиле Мариупол денеска, но Орлов забележува дека останале меѓу 350.000 и 400.000 луѓе.

Локалните власти, исто така, посочија дека руски војници ги принудувале жителите од околните згради да влезат во болницата. Шефот на регионалната администрација на Донецката Oбласт, Павло Кириленко, рече дека еден од работниците успеал да им даде на властите информации за ситуацијата.

„Невозможно е да се излезе од болницата. Пукаат додека седиме во подрумот. Два дена не може да се стигне до болницата со автомобил. Околу нас има згради… Русите донесоа 400 луѓе од околните згради до болницата. Не можеме да излеземе“, рекол еден од вработените, исто така заложник, чии зборови Кириленко ги пренесе преку „Телеграм“, додавајќи дека болницата е практично уништена, но персоналот и пациентите се во подрумот каде и натаму се спроведува нивното лекување.

Новинарката Анастасија Магазова на „Твитер“ објави дека руски војници од болницата пукале кон украинските за да ги натераат да пукаат и тие. Исто така, наводно им се заканувале на заложниците не дозволувајќи им да ја напуштат болницата.

Спонзорирано: