16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТИЗБОР

ЕУ го усвои четвртиот пакет санкции

ЕУ го усвои четвртиот пакет санкции против Русија, кој синоќа беше усвоен во Комитетот на постојаните претставници на ЕУ. Така, уште 24 руски субјекти, од кои 15 лица и девет ентитети, ќе бидат додадени на веќе постоечкиот список на санкционирани за нападот на Украина.

ЕУ, исто така, воведе ограничувања за увоз на производи од челик и железо од Русија и го забрани извозот на луксузни стоки во Русија.

Меѓу санкционираните има и медиумски работници за кои се проценува дека воделе проруска пропаганда во Брисел.

Спонзорирано: