20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото ДСНС Украина/Харков
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украинскиот премиер: Руски воен пилот фрла бомби врз сопствената мајка

Украинскиот премиер Денис Шмихал на виртуелен начин му се обрати на Советот на Европа во име на претседателот Володимир Зеленски, кој не можеше да го стори тоа поради, како што рече, „итни и непредвидени околности“.

Шмихал рече дека Европа избрала пацифистички пат пред Русија наместо „да ги брани вредностите на демократијата, владеењето на правото и човековите права“.

Тој смета дека Европа не ги сфатила доволно реалните закани на режимот на рускиот претседател Владимир Путин и покрај „бројните прекршувања на меѓународното право и другите човечки вредности“ и дека светот сега „конечно ги отворил очите“ за вистинските намери на Путин.

Украинскиот премиер пред Советот на Европа изјави дека руските сили „се однесуваат како терористи“.

„ Тие бомбардираат училишта, градинки, болници, убиваат деца, земаат заложници, киднапираат претставници на локалната власт, мачат цивили“, рече Шмихал.

„ Денес, руската влада ги мобилизира жителите на Крим во руските вооружени сили, принудувајќи ги луѓето заштитени со Четвртата Женевска конвенција да служат во вооружените сили на непријателска држава. Руски воен пилот фрла бомби врз сопствената мајка. Тешко е да се поверува, но и такви лудости станаа нормален живот за агресорот“, рече Шмихал.

Тој верува дека конфликтот може да ескалира во Трета светска војна. Повика на воведување забрана за летање над Украина со цел да се „одбрани цела Европа“. Тој им се заблагодари и на сите европски земји кои им помагаат на украинските бегалци.

Спонзорирано: