12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНА+СВЕТ

Западот ја призна грешката: Не требаше да им ветуваме членство во НАТО

Високиот претставник на Европската Унија, Џозеф Борел, смета дека Западот направил грешки во односите со Русија.

Едно од нив е ветувањето за членство во НАТО во Украина, прецизира шефот на европската дипломатија.

„Подготвен сум да признаам дека направивме многу грешки и дека ја загубивме можноста да ја приближиме Русија до Запад. Има моменти кога можевме подобро, има работи што ги предложивме, а потоа не можевме да ги спроведеме, на пример, како што е ветувањето дека Украина и Грузија ќе станат дел од НАТО. Мислам дека е грешка да се даваат ветувања што не можете да ги исполните“.