12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украинскиот министер за одбрана: Русите убиле повеќе цивили отколку војници

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека по 16 дена инвазија, руските сили убиле повеќе цивили отколку војници.

„Сакам ова да се слушне низ светот, не само во Киев“, рече Резников, цитиран од Би-би-си.

Тој ја даде изјавата откако Русија започна напади врз неколку градови, кои се наоѓаат на различни страни на Украина.

Агенциите потсетуваат дека армијата на рускиот претседател Владимир Путин синоќа ги нападна украинските градови Днипро, Ивано-Франковск и Луцк.