14.8 C
Скопје
14. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пленковиќ: Не знаеме дали авионот бил во сопственост на руската или украинската армија

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ се обрати до медиумите по повод падот на авионот во Загреб, каде рече дека не е сигурен чија сопственост е ова летало.

„Според она што во моментов го имаме како информација, се работи за авион од руско производство и не се знае дали бил во сопственост на руската или на украинската армија. Познато е дека во Хрватска дошла од правец на Унгарија, а во Унгарија од правец на Романија. Знаеме дека таа прелета неколку минути над Хрватска и се урна во Загреб“, рече тој.

Изјави дека е добро што нема повредени и што паднало на дел кој не е ниту куќа, ниту зграда и дека надлежните служби вршат увид.

„Контактиравме и со украинската страна за да видиме дали имаат информации како тој авион дошол до Загреб. Во секој случај, сите ќе вложат максимални напори за да се утврдат причините за пристигнувањето и демолирањето на овој авион во Загреб“, рече Пленковиќ.