24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

(Видео) Кузеска: 26 мерки вредни 400 милиони евра за заштита на стандардот на граѓаните

Граѓаните, сите ние, ги чувствуваме последиците од она што се случува на глобално ниво, значително растат трошоците за храна, нафта и други енергенси, како резултат на руската воена агресија. Во услови на најголема економска и енергетска криза во којашто се наоѓа Европа и светот, со добри економски политики Владата предводена од СДСМ во континуитет презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните и на економијата во целост,изјави на денешната прес-конференција,Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Таа додаде дека последниот сет од 26 мерки кој го донесе Владата е тежок 400 милиони евра и директно е насочен кон заштита на стандардот, намалување на трошоците, на цените на храната, на енергенсите а со тоа и куповната моќ на граѓаните.

Кузеска наведе дел од клучните мерки и тоа:

Ја укинуваме целосно стапката на ДДВ за основните производи храна, на 0%. Лебот, брашното, маслото за јадење, млекото, шеќерот, месото, јајцата и оризот се опфатени со оваа мерка.

Маржите на основните производи храна се замрзнати. Ги укинуваме царинските давачки за увозот на основните прехранбени производи, и тоа од сите земји. На овој начин го ублажуваме влијанието на ценовните шокови врз основните прехранбени производи.

Кузеска наведе дека ја намалиле акцизата за горивата и го намалуваме ДДВ за енергенсите од 18 на 10%. Со оваа мерка која очекуваме да стапи на сила веднаш по усвојување на законите во Собранието, бензинот ќе поефтини за 11,5 денари а дизелот за 10 денари.

Дополнително, целосно ослободуваме од плаќање ДДВ при увоз на гас, електрична и топлинска енергија.

За ранливите граѓани воведуваме парични ваучери од 3.000 денари. Над 35 илјади граѓани ќе имаат директен бенефит од оваа мерка, што во време на глобална енергетска криза е добредојдена.

Новите 26 мерки се целосно насочени кон користење на сите ресурси на државата во поддршка на граѓаните и стопанството во време на криза. Тоа е правилно и вистинско.

Остануваат мерките за субвенционирање на цената на парното и цената на струјата, а се пролонгира и важењето на мерката за намален ДДВ за струјата, изјави Кузеска.

Спонзорирано: