22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Нов закон во Украина, на цивилите им е дозволено да пукаат во руски војници

На цивилите во Украина им е дозволено да пукаат во војници кои ги препознаваат како непријателски сили, според новиот закон кој стапува на сила оваа недела, објавија украинските медиуми.

Според законот, кој е во сила од понеделникот, странците и лицата без државјанство кои живеат илегално во земјата, исто така, можат да поседуваат оружје и да го користат против руските војници вклучени во нападот на Украина.

Издавањето оружје ќе го регулира ресорното министерство. Целото издадено оружје и преостаната муниција ќе треба да се вратат најдоцна 10 дена по укинувањето на вонредната состојба, која е моментално на сила.

Автоматски пушки и муниција веќе беа неселективно издадени во првите денови од војната, особено во Киев. Престрелките избувнаа и беа прекинати дури по воведувањето на строг полициски час.

Кремљ ја критикуваше дозволата. „Ако некој со оружје во рака нападне руски војник, тој самиот станува мета“, соопшти Кремљ.

Спонзорирано: