16.8 C
Скопје
1. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Моравјецки: Само цело НАТО може да одлучи за испраќање авиони

Само сите земји членки на НАТО можат да донесат одлука за испраќање борбени авиони во Украина, изјави денеска полскиот премиер, при посетата на Виена.

„Не донесовме сами одлука да испорачаме авиони (во Украина), бидејќи тоа мора да биде одлука на целото НАТО“, рече Матеус Моравјецки на прес-конференцијата емитувана на полската телевизија.