22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Тепачка пред средно училиште во Сараево: повредено едно лице

Денеска во 11 часот и 40 минути пред Средното машинско-техничко училиште во Сараево дошло до физичка пресметка меѓу две лица во која едно лице е повредено, пренесува порталот „Radiosarajevo.ba“.

Според забележаното од порталот „Radiosarajevo.ba“ пред Средното машинско-техничко училиште, биле припадници на КС МУП и вршеле истрага.

„Пред училиштето се е оградено со жолти ленти, а полицијата е на терен“, пренесува порталот.

Според последните информации, непознат маж бил повреден од камен и во моментов се наоѓа во здравствена установа за да му биде укажана соодветна лекарска помош./Извор:Makfax