Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Османи на НАТО министерски состанок во Прага: “Евроатлантските интеграции на Западен Балкан од суштинско значење за регионалната стабилност”

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на неформалниот Состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, во Прага.

Во фокусот на состанокот беа актуелните безбедности состојби, со акцент на зајакнувањето на поддршката за Украина. Министрите се осврнаа и на одлуките кои треба да се усвојат на Самитот на НАТО во Вашингтон.

Османи се осврна на потребата од забрзување на евроатлантските интегративни процеси.

“Од суштинско значење е интегрирањето на Западен Балкан за консолидирање на стабилноста во регионот и превенирање од дестабилизирачки влијанија од трети страни. ЕУ перспективите на Западен Балкан треба да се сметаат како стратешка безбедносна политика”, нагласи Османи.

Воедно, Османи ги истакна веќе познатите позиции на нашата земја, нагласувајќи дека Северна Македонија е цврста во поддршката за Украина, од почетокот на руската агресија. Исто така, нагласи дека како кредибилна членка на Алијансата земјава веќе го надмина долниот праг од 2% од БДП за инвестициите во одбраната, а потенцираше и дека е силен поддржувач на политиката на отворени врати на Алијансата.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Функционер од ЗНАМ вечерва се врати во редовите на СДСМ

ДЕСК

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК