20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Комисијата за заразни болести предлага нова методологија за следење на епидемиолошкиот ризик

Со зголемување на нивото на имунизирано население поради вакцини и прележана болест, поголем дел од инфекциите сега поминуваат асимптоматски или со благи симптоми. Затоа во последните недели фокусот околу Ковид-19 во светот се поместува од вкупни бројки на новооткриени случаи кон број на хоспитализации и оптовареност на здравствениот систем.

Во овој контекст, Комисијата за заразни болести предлага прифаќање на нова методологија за проценка и следење на епидемиолошкиот ризик врз основа на следните индикатори: број на новооткриени случаи во последните седум дена на 100.000 население, број на хоспитализации во последните седум дена на 100.000 население и процент на исполнетост на здравствени капацитети во последните седум дена.

Се предлага, според овие параметри, епидемиолошкиот ризик да биде класифициран како низок, среден или висок. За секоја од проценетите состојби се предвидува сет од мерки на индивидуално и општествено ниво. На ваков начин, од Комисијата за заразни болести сметаат дека според објективни показатели ќе може навремено да се проценува ризикот и да се реагира соодветно во двете насоки, и за олабавување и за заострување на мерките.