26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Тирана ја преименуваше улицата на руската амбасада во “Слободна Украина”

Тирана ги преименуваше улиците на руската и на украинската амбасада во „Слободна Украина“.

Градскиот совет едногласно го одобри именувањето на улицата Слободна Украина.

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, рече дека новото име ќе биде потсетник за вработените во руската амбасада.

„Русите ќе мора да работат, да живеат и да добиваат пошта на адресата на Слободна Украина“, додаде тој.