16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Санкции и за руските мачки – Меѓународната федерација на одгледувачи им забрани на руските сопственици да учествуваат на натпревари

Мачките во сопственост на Руси или одгледувани во Русија нема да можат да учествуваат на изложби и натпревари на Меѓународната федерација на одгледувачи на мачки, ниту пак ќе можат да се регистрираат во книгата за педигре на таа организација.

„Извршниот одбор на федерацијата е шокиран и ужаснат што армијата на Руската Федерација ја нападна Украина и ја започна војната. „Многу невини луѓе ги загубија животите, многумина беа повредени или принудени да ги напуштат своите домови“, се вели во соопштението на организацијата, објаснувајќи зошто се воведени санкции за руските мачки.

Се додава дека федерацијата ќе организира донации за да им помогне на одгледувачите на мачки во Украина.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

153 санкции за брзо возење

M T

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Јапонија најави нови санкции против Северна Кореја: „Не можеме повеќе да толерираме провокации“

M T

158 санкции за брзо возење

M T

452 санкции за брзо возење

M T

111 санкции за брзо возење

M T