14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
СВЕТ

Лавров: Американците сакаат да ја контролираат Европа, исто како Хитлер

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров одржува прес-конференција на која присуствуваат странски новинари.

„Нашата цел е да се ослободиме од нацистите во Украина“, рече Лавров на прес-конференцијата, додавајќи дека преговорите меѓу украинските и руските сили ќе продолжат денеска. Тој додаде дека преговорите може да се водат под услов за рамноправност.

„Сигурен сум дека нашите партнери од Западот ќе се смират и ќе бараат решение преку дијалог. Западот не треба да одлучува за нашата безбедност“, рече Лавров.

„Западот се обидува да ни ја наметне сопствената слика за иднината на Европа“, нагласи шефот на руската дипломатија.

На прес-конференција Лавров ја спореди Америка со нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер.

„Америка им диктира на Германците што е добро за европската енергетска безбедност. Тие велат дека не им треба гасоводот Северен тек 2 и тврдат дека Америка ќе обезбеди енергетска безбедност, која е неколку пати поскапа“, рече Лавров.

„Наполеон и Хитлер имаа за цел да ја стават цела Европа под своја контрола. Сега Американците сакаат да го направат тоа“, рече тој.

„Верувам дека хистеријата ќе престане“, рече Лавров.

Спонзорирано: